Уште една добра зделка за Динамо Загреб. Го продадоа напаѓачот Марио Гаврановиќ (31) за 2,3 милиони евра во Кајзериспор.
Гаврановиќ главно натпреварите ги почнуваше од клупата за резерви, а сега ќе ја продолжи кариерата во Турција, додека „модрите“ ќе заработат добро за еден резервист и голгетер кој има 31 година.
Динамо Загреб пред неколку дена обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите, и ќе се бори за влез во групната фаза против молдавски Шериф.
🟡🔴 𝐌𝐚𝐫𝐢𝐨 𝐆𝐚𝐯𝐫𝐚𝐧𝐨𝐯𝐢𝐜 🔥 pic.twitter.com/Dd8fn9sD4w
— Yukatel Kayserispor (@KayserisporFK) August 11, 2021