Дин Аломеровиќ се враќа во Работнички

808

Левиот бек Дин Аломеровиќ повторно ќе биде дел од Работнички. Екс играчот на Вардар, настапуваше во Шпанија, а сега одново ќе го облече дресот на „романтичарите“.

Аломеровиќ настапуваше во Работнички од февруари до јули 2020 година, а потоа замина повторно во Шпанија. Сега, по година и пол одново ќе биде „романтичар“.

Аломеровиќ настапуваше за Вардар, Еуромилк, Македонија ЃП, па замина во Шпанија, во Фуанлебрада, па во вториот тим на Селта, Саламанка, Ла Нусиа и Линенсе.

 

ПретходноИзнервиран од ремито во Прилеп, Бруно утредента на играчите им “стегнал“ тренинг од 7 часот наутро!
СледноДинамо Загреб го продаде искусниот напаѓач за повеќе од 2 милиони евра