Меси-Роналдо-Нејмар, ова ќе биде нападот на ПСЖ во сезоната 2022/23!

1182

И дефинитивно Килијан Мбапе не е воодушевен од трансферот на Лео Меси во ПСЖ. Трансфер на векот, трансфер кој буквално го потресе фудбалскиот свет. И тој тоа не го крие.

Па така најверојатно, откако ќе му заврши договорот со “светците“ наредното лето, тој без проблем ќе си оди во Реал Мадрид, тоа е неговата голема желба.

Наредното лето и на Кристијано Роналдо ќе му заврши договорот со Јувентус, па тој ќе дојде на “Паркот на принцовите“, исто така без ниту едно евро отштета.

И со него ПСЖ ќе го има нападот од соништата, а тоа Меси – Роналдо – Нејмар. Ова клубот од Париз го прави и поради својот маркетинг. Ако ПСЖ успеа за само неколку часа да заработи околу 50 милиони евра од продажбата на дресот на Меси, можеме само да претпоставуваме колкава ќе биде заработката од дресот на Роналдо.

Па така фановите на ПСЖ ќе мора да се стрпат до наредното лето, кога во таа наредна 2022/23 сезона во нападот ќе ги имаат “магичните“ Меси, Роналдо и Нејмар.

А и Реал Мадрид нема да биде за жалење. Имено во следниот летен преоден рок тој ќе ги донесе одамна посакуваните Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Навистина милијардите го „вртат“ фудбалот…

ПретходноМилевски: Посебно е чувството да се биде селектор на А – репрезентацијата!
СледноЛазаров и кадетите во полуфиналето на ЕХФ шампионатот