Очигледно е дека Бруно Акраповиќ, старо-новиот тренер на Шкендија почна да тренира строгост во екипата, меѓу играчите. Веројатно така и мора да биде зошто оваа екипа на Шкендија мора и треба подобро. Па замислете, шампионот на псоледните пет официјални меча нема постигнато гол.
Па така, по ремито во Прилеп, каде неговата екипа одигра “само“ 0:0 на гостувањето кај Тиквеш, Бруно видно изнервиран утредента ги “почестил“ играчите со тренинг и тоа во 7 часот наутро.
Само да се потсетиме. Мечот во Прилеп заврши во 19.30 часот во неделата. До Тетово секако дека потребно е најмалку два – три часа да се стигне, значи играчите имале само 6-7 часа за одмор во своите домови до тој рано – утрински тренинг.
И нема што, тренингот се одработил, но играчите биле незадоволни, барем такви се нашите информации, побарале наредните тренинзи да бидат барем од 8 или 8.30 часот. И тоа Бруно го прифатил, со оглед на пеколно топлото време, сепак ова е разумно време за одржување на утринските тренинзи.