И македонската кадетска женска репрезентација обезбеди полуфинале на ЕХФ шампионатот, кој се одржува во Литванија. Нашите девојки по голема драма ја совладаа Финска со 21-20.
Мечот можеа да го решат многу полесно, но имаа падови во играта, па на крајот драмата беше неизбежна. Во битката за финале, Македонија ќе игра против Полска.
Ризоска беше стрелец на шест гола, зад неа беше Дукоска со пет погодоци, Коцева запиша четири.
Во првиот дел нашите девојки отворија со 6-0, поведоа и со 7-1, но брзо им дозволија своите противнички да се вратат во мечот. Финска израмни на 9-9, на полувремето беше 11-11.
Македонија по одморот одново фати добар ритам, имаше водство од пет гола, но како да не беше доволно, па на крајот дуелот влезе во неизвесна завршница во која противникот поведе со 19-20. На крајот со два гола во низа кадетските дојдоа до посакуваната победа и пласманот во полуфинале.