Кадетите и кадетките во битка за полуфинале на ЕХФ шампионатите

190

Важен ден за двете кадетски ракометните репрезентации на ЕХФ шампионатите, со победа одат во полуфинале.

Избраниците на селекторот, Кирил Лазаров по поразот од Грција на стартот на турнирот во Скопје, денеска (15 часот) ќе ги одмерат силите со Полска. Станува збор за противник кој во првото коло лесно го совлада составот на Грција, а денешната средба не им менува ништо во однос на местото во полуфинале. Кадетите сами ќе ја скројат својата судбина.

Втората пак македонската кадетска репрезентација, поточно ракометарките, имаат полесен пат кон полуфиналето. Тие против Финска треба да остварат реми или победа, а за противник со евентуален триумф ќе ја имаат Полска или Исланд. Оваа средба се игра во 16 часот во Литванија.

ПретходноБајиќ го одреди составот за дуелите против Швајцарија и Словачка
СледноЛина елиминирана во 2. коло од турнирот во Белгија