Конференциска лига: Велковски и Фазлагиќ минаа во плеј-оф, Ристовски елиминиран

187

Макеоднските интернационалци денеска имаа нови настапи во 3. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. Дарко Велковски и неговата Ријека обезбеди пласман во плеј-оф рундата, откако на домашен терен со 4:1 славеа против екипата на Хиберниан. Велковски остана на клупата за резерви.

Пласман во плеј-офот има и за Жилина н анашиот младински репрезентативец Енис Фазлагиќ. На домашен терен Словаците славеа со високи 5:0 над Тобол од Казахстан.

За разлика од нив, Милан Ристовски и Спартак Трнава беа запрени на гостувањето во Тел Авив. Ристовски кој доби жолт картон на оваа средба, беше стартер, но неговиот тим загуби со минимални 1:0, доволни за Макаби да се пласира во следното коло.

Елиминација доживеа и Дарко Мицевски со Рига која дома загуби од Гент со 1:0. Мицевски остана само резерва.

ПретходноОдбојкарите загубија од европскиот шампион на првиот тест во Белград
СледноТешко дека Тотенхем ќе одолее на новата понуда од Сити за Кејн