Лазаров и кадетите во полуфиналето на ЕХФ шампионатот

392

Македонската кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на ЕХФ шампионатот. Денот одмор одлично дојде за Кирил Лазаров и неговите момци, важната битка против Полска ја добија без проблем, славеа со 25-30. На овој начин покажаа дека против Грција имаа само лош ден.

Македонија беше подобра во текот на целиот натпревар, по првото полувреме имаше водство од 15-16, а веќе по одморот целосно доминираше на теренот. Најголемата позитива во првиот дел изнесуваше плус три (11-14).

Во второто полувреме Македонија поведе со 17-21, па со 22-28. На крајот сосема заслужено се радуваше на трумфот.

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА 30-25 (16-15)

Македонија: Галевски, Ташев, Митев 7, Павле Атанасијевиќ 3, Петар Атанасијевиќ 4, Ивановски 1, Омерагиќ 3, Митревски, Стојчевиќ 2, Петковски 4, Ѓорговски 1, Манчески 2, Стојковиќ 1, Илиески 2, Савревски, Ерманоски

ПретходноМеси-Роналдо-Нејмар, ова ќе биде нападот на ПСЖ во сезоната 2022/23!
СледноЌато се враќа на клупата на Ренова токму за дуелот со Шкендија!