Милевски: Посебно е чувството да се биде селектор на А – репрезентацијата!

294

Благоја Милевски од 1-ви август и официјално е нов селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Во пресрет на неговото деби, и тоа во септемвриските квалификации за СП во Катар 2022 година, Милевски за ФФМ покрај друго го кажа и ова:

Оваа функција за мене пред се е гордост и исполнетост. Од спортски аспект, од национален и од човечки. Посебно е чувството да се селектор на А- репрезентацијата. Иако седум години ја водев младата селекција на Македонија, сепак ова е нешто посебно. За мене круна на секој тренер во неговата кариера е да се биде предводник на најдобрата репрезентација на својата земја“ напомена Милевски.

Во продолжение тој истакна дека се радува на првиот собир со фудбалерите…

Да, секако дека се радувам на првата средба, на првиот собир со играчите, со многумина од нив и добро се познавам. И со другите исто така се познаваме, не чувствувам никаква разлика, само една позитивна атмосфера“ рече новиот селектор.

ПретходноСрпска волонтерка му дала пари за такси, а тој освои олимписко злато!
СледноМеси-Роналдо-Нејмар, ова ќе биде нападот на ПСЖ во сезоната 2022/23!