Најавите се потврдија: Македонија на ФИФА листата падна за десет места!

166

Уште на 30 јуни најавивме дека нашата најдобра фудбалска репрезентација, по настапот и трите порази на ЕУРО, ќе има голем пад на ФИФА листата, денеска тие најави и се потврдија. Имено официјално ФИФА ја објави својата ранкинг листа, и на неа сме на 72-то место, а бевме претходно на 62-то место.

Значи Игор Ангеловски, кој како селектор ја предводеше Македонија на ЕУРО и доживеа три порази, му ја предаде репрезентацијата на новиот предводник Благоја Милевски како 72 сила во светот.

На врвот на ФИФА листата и натаму е Белгија, следува Бразил, па Франција, Англија, додека европскиот првак Италија е на петото место, додека Аргентина, која стана првак на Ј. Америја, е шеста.

ПретходноИнтер и ПСВ се договориле: Думфрис доаѓа на „Меаца“
СледноДимевски: „Нашите спортисти беа на високо ниво, очекувам да бидеме побројни и подобри на следните ОИ“