Денеска стартува 49. издание на Меѓународниот ракометен турнир Струга. Оваа година поради пандемијата на коронавирус ќе учествуваат само македонски екипи. Бранител на трофејот е тимот на Е.Пелистер, кој вчера го освои Суперкупот, па во Струга ќе допатува со голема самодоверба.
Први на теренот ќе излезат ракометарите на Вардар 1961, ќе играат против домаќинот на овој турнир, дуелот е закажан со почеток во 18:30 часот. За избраниците на Веселин Вујовиќ оваа средба ќе биде шанса да го поправат впечатокот и да се рехабилитираат од убедливиот пораз од битолчани.
Денеска на теренот ќе истрчаат новиот суперлигаш, Тиквеш и Металург, оваа средба се игра со почеток во 21 часот.