Пелистер и натаму се засилува. Па така нови имиња се Хозе Домингез, стопер од Шпанија кој има 29 години. Во својата кариера играл во неколку клубови од Шпанија, потоа има играно за клубови од Исланд, Норвешка, а последен клуб му бил Валенсија од Малдиви.
Исто така ново име во Пелистер е и Виктор Нилдо Јуфо, екс фудбалерот на Шкендија и Вардар.
Нема што, Пелистер ќе има респектабилна екипа и нема да биде “вреќа за удирање“ како што тоа некој мислеше.