Македонските интернационалци Милан Ристовски и Дејан Илиев се најдоа во тимот на 3. коло во словачката Фортуна лига. Ристовски постигна гол во победата на неговиот Спартак Трнава со 4:0 против Липтовски Микулаш, додека Илиев ја сочува мрежата недопрена во триумфот над неговиот Серед против Дунајска Среда (1:0).
Спартак е на второто место на табелата со две победи и еден пораз, а Серед е на позиција 10 со една победа и два порази.