Сензација во Струга: Тиквеш го урна Металург

1253

Одлично издание на ГРК Тиквеш на стартот на меѓународниот турнир во Струга.

Новиот Суперлигаш благодарение на Александар Стојановски и неговите 18 одбрани успеа да го изненади Металург и да го совлада со 30-26. Клучна беше серијата од 8-2 за водство од 28-25 на четири минути до крајот.

Претходно во вториот дел тимот од Автокоманда имаше позитива од два гола, но немаа течност во нападот, згора на се Стојановски целосно го затвори голот.

И првото полувреме беше изедначено, Металург поведе со 3-0, кавадарчани изедначија на 5-5, а потоа поведоа со 12-10. На одморот беше 12-12.

Кај Тиквеш одличен беше и Јанчев со 7 гола, додека 6 гола запиша Стефановиќ.

На оваа средба не настапи Оливие Њокас кој има стомачен вирус.

ПретходноТешко дека Тотенхем ќе одолее на новата понуда од Сити за Кејн
СледноФабрегас за Меси: Нема да му биде лесно!