Познати се судиите за 2.коло во ПМФЛ. Сите шест натпревари се закажани за 15 август (недела). Во Велес, на мечот Борец – Тиквеш, ќе суди Јосип Бартон. Игор Стојчевски ќе го суди скопското дерби меѓу Шкупи и Македонија ЃП, додека на Автокоманда правдата ќе ја дели Александар Ставрев.
ДВОЈКИ И СУДИИ (НЕДЕЛА – 17 Ч)
Стрга ТЛ – Пелистер (К. Смоквоски – Прилеп)
Шкупи – Македонија ЃП (И. Стојчевски – Скопје)
Скопје – Брегалница (А. Ставрев – Скопје)
Шкендија – Ренова (Ј. Качевски – Струга)
Борец – Тиквеш (Ј. Бартон – Скопје)
А. Пандев – Работнички (В. Ѓорѓиевски – Битола) 20 Ч