Англискиот првак Манчестер Сити после трансферот со Џек Грилиш, нема намера да се откаже од ангажман на Хари Кејн.
Затоа за услугите на напаѓачот на Тотенхем е подготвен да издвои 150 милиони евра.
Се чини дека парите не се проблем за Сити, а таа понуда тешко дека ќе ја одбие тимот од Лондон.
За Тотенхем Кејн одигра 336 меча и постигна 221 гол, но не освоил ниту еден трофеј, и токму од тука е подготвен да замине во клуб каде што ќе може да освојува пехари.