Новиот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски, ќе биде еден од главните лидери во претквалификациите за СК 2023 година. Токму тој со уште неколку играчи треба да ги поведат помладите и заедно да го изодат овој пат.
„Нема оправдување со тоа што имаме скратен состав и дека има подмладување на репрезентацијата. Нормално дека имавме краток период на подготовки. Фалеа повеќе пријателски натпревари, имавме само два со Црна Гора, меѓу нас одигравме направивме една, но ќе повторам нема оправдување и одиме на победа на секој меч почнувајќи со Швајцарија. Да го иструкаме овој претквалификациски цикус и да ја вратиме репрезентацијата онаму каде што припаѓа“, изјави Трајковски.
Што се однесува до Швајцарија, таа е селекција со која Македонија имаше победа и пораз во претквалификации пред четири години.
„Нема повеќе лесен противни, тоа го видовме во минатото, секој секого може да победи. Ако не го спорведиме она што се договоривме, и пристапот не е добар од самиот почеток, резултатот ќе биде разочарувачки. Добро се подготвуваме во овие два дена, ќе искочиме максимално подготвени и се надевам на позитивен резултат“.
Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан со почеток во 19 часот, директен пренос ќе има МРТ.