Фабрегас за Меси: Нема да му биде лесно!

641

Сите зборуваат за трансферот на Лионел Меси во ПСЖ од Барселона. Така и во таборот на Монако, а Цеск Фабрегас имаше што да му порача на неговиот поранешен соиграч од Барселона.

Шпанецот го предупреди Меси да не мисли дека само така ќе се „прошета“ до титулата, и дека првенството е потешко од она кое другите го мислат.

„Понекогаш луѓето на разбираат колку е оваа лига тешка и силна. Кога ПСЖ нема да го освои првенството, тоа го гледаат како катастрофа затоа што трошат многу пари, но во последните пет години Монако и Лик покажаа дека е можно да се сопрат. Не е како што луѓето мислат. Оваа лига е агресивна, со интензитет, играат силни играчи и тимовите добро се бранат“, рече Фабрегас.

Тој кажа дека во тимот веќе сите го прашуваат за Меси.

„Сите млади играчи се возбудени што ќе играат против Меси. Некои од нив сонувале за тоа. Не престануваат да ме прашуваат за него“, кажа играчот од средниот ред.

ПретходноСензација во Струга: Тиквеш го урна Металург
СледноСтив Кер ќе биде новиот селектор на кошаркарската репрезентација на САД?