Селекторот Драган Бајиќ очигледно немаше на што да биде задоволен по вечерашниов стартен пораз на претквалификацискиот турнир за СП во Скопје против Швајцарија. По средбата тој вели дека уште синоќа ја почувствувал нервозата кај нашите репрезентативци.
„И синоќа почувствував многу нервоза, а и денеска влеговме во некој грч. Во тој грч останавме без енергија и концентрација. Имавме многу промашени зицери, сигурно 8-9 лесни поени, 7 промашени слободни фрлања, и на крајот она што пресуди во финишот, големи грешки кои го одлучија мечот. И да победивме немаше којзнае што да добиеме, а и вака не сме загубиле многу. Треба само да одмориме, да анализираме, да се рекуперираме и да се обидеме да победиме на следниот меч“, вели селекторот Бајиќ.