Вардар 1961 не се покажа во најдобро светло на првиот официјален меч пред стартот на сезоната. Во битката за Суперкуп трофејот, актуелниот првак беше поразен од Е.Пелистер со убедливи 22-31.
За Тимур Дибиров поразот е шлаканица која доаѓа во вистинско време. Не е разочаран од поразот, туку од начинот на кој го загубија овој натпревар.
„Ова е прв натпревар, многу сме разочарани не поради поразот затоа што сега е период на подготовки, туку разочарани сме од начинот на кој загубивме. Првиот дел беше доста добро, но во вториот дел паднавме малку во играта поради тоа. Поради правилата на домашни и странци, не можевме да регистрираме уште неколку играчи, ни страдаше ротацијата поради тоа и екипата не може да држи исто ниво цело време. Но, не бараме алиби, оваа шлаканица е добредојдена. Може да видиме сега каде грешевме и во кој аспект треба да работиме. Знаеме дека ни следи тешка сезона. Мора да ги кренеме главите и да работиме уште подобро од претходно. Нема простор за разочарувања и за нервози. Туку само работа“, изјави Дибиров.