Официјално, Ромелу Лукаку се врати во Челзи. Тој денеска беше промовиран во нов-стар член на лондонските „сини“.
Лукаку на промоцијата изјави дека е среќен, и дека навивал за Челзи од мали нозе.
„Јас сум среќен што се враќам во овој одличен клуб. Навивав за Челзи уште како дете. Амбициите на клубот се совпаѓаат со моите и доаѓам тука откако ја освоив Серија „А“. Оваа шанса доаѓа во вистинско време и се надевам на многу успеси заедно“, кажа Лукаку.
Трансферот изнесува 115 милиони евра.