Македонските одбојкари загубија од Србија со 3:1 (17:25, 21:25, 17:25, 25:21) во првиот од двата контролни натпревара во Белград. Откако минаа речиси еден месец на базичните подготовки во Маврово, за „црвено-жолтите“ денешниот натпревар во малата сала на „Арена“ беше прв во тренажниот процес за настапот на септемвриското Европско првенство.
Македонската репрезентација беше рамноправна во вториот, а подобра во четвртиот сет кој што беше дополнување на контролниот меч. Селекторот Душко Николиќ го почна мечот со стандардниот избор. Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиев беа на коректорската и на позицијата техничар, Милев и Љафтов како примачи, Николов и Маџунков на центар, а Ангеловски како либеро.
Поединечно, Александар Љафтов имаше 14 поени, Никола Ѓорѓиев освои 10 поени, Маџунков 7.