ПОЛУВРЕМЕ: Македонија губи од Швајцарија со 10 поени разлика

944

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме против Швајцарија во рамките на претквалификациите за СК 2023 има негатива од 25-35.

Бајиќ почна со Трајовски, Крстевски, Мекиќ, Стајиќ и Магдевски. Македонија лошо влезе, Швајцарија поведе со 2-9 по три и ипол минути игра. Со серија од осум поени во креација на Крстевски и Магдевски, кошаркарите поведоа со 10-9. Водството постојано се менуваше, по првата четвртина беше 17-22, противникот подобро се снајде во серијата на грешки.

Вториот период и двете репрезентации беа во очајно издание, промашени шутеви, изгубени топки, малку кошаркарска игра. Во еден ваков хаос, во кој Бајиќ го остави Магдевски пола четвртина на клупа подобро се снајдоа противничките кошаркари, поведоа со највисоки плус 11 (22-33) на две и пол минути до крајот на овој дел. Македонија шест минути беше без постинати поени и изгубена во простор.

Крстевски со 10 поен е прв стрелец кај нас.

ПретходноМеси го одржа првиот тренинг со ПСЖ, Рамос го дочека со прегратка (ВИДЕО)
СледноЕфикасен натпревар: Вардар убедлив против Струга