Битолчани продолжуваат со засилувања: Пелистер го обезбеди и Стојан Ѓуроски

226

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски е едно од двете нови засилувања на битолски Пелистер. „Зелените“ продолжуваат со обезбедување нови засилувања за следната сезона во која клубот ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига.

Покрај Ѓуроски, ново име во Пелистер е и Димитар Караџовски. Стојан Ѓуроски се враќа во Македонија по интернационалната кариера во Франција и Шпанија, додека искусниот 36-годишен Караџовски минатата сезона беше дел од Кожув и Работнички.

ПретходноЏо Вилок до крајот на денот потпишува за Њукасл
СледноСе враќа Премиерлигата: Експертите имаат само два фаворити за титулата – Челзи и Манчестер Сити