Едуардо Гурбиндо, од денеска е со својот Вардар. Имено шпанскиот репрезентативец денеска им се приклучи на своите клупски колеги во Струга, каде Вардар учествува на турнирот во овој наш град.
Вардарци денеска се слободни, а утре во меч од 2.коло се среќаваат со екипата на Бутел.
Како што и доликува, прв кој го пречека Гурбиндо беше Тимур Дибиров.