Пред неколку години се чинеше невозможно: Тим од Гибралтар пред групна фаза во натпреварите на УЕФА

1266

Досега тим од Гибралтар немаше никакви шанси да избори место во некое групно натпреварување, но Линколн ја менува историјата, со тоа што може да се пласира во групната фаза од Лигата на Конференции, и да биде прв тим од оваа земја кому му успеало тоа.

Првакот на Гибралтар избори пласман во плеј-офот на Лигата на Конференции и игра против Рига, со што има реални шанси да обезбеди есен во Европа.

Линколн во Лигата на шампионите го мина Фола Еш од Луксембург, а потоа беше елиминиран од Клуж.

После продолжија во Лигата на Европа каде што играа со Слован Братислата, но се поразени и сега продолжуваат во Лигата на конференции.

И Ерменија испиша историја. Нивниот тим Алашкерт за прв пат ќе игра во групна фаза. Тие се најдоа во плеј-офот за Лигата на Европа, но ако не успеат, тогаш сигурно ќе играат во групите од Лигата на Конференции.

ПретходноНеверојатно: Барса му должи на Меси уште 52 милиони евра!
СледноМакедонија во финалето на ЕХФ шампионатот по пенал драма