Баерн тргна со реми во Менхенгладбах (видео)

162

Со мечот меѓу Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен почна новата сезона во германската Бундес лига. На „Борусија Парк“ резултатот 1:1 со два гола постигнати уште во првото полувреме. Поведоа домашните играчи во 10. минута после една грешка на играчите на Баерн, која Алесане Плеа ја претвори во погодок.
Во 42 минута по корнерот на Кимих, изедначува Роберт Левандовски.
Тоа е негов 204 гол во Бундес лигата во 220 натпревари за Баерн.
Инаку Баерн беше подобар противник имаше повеќе шанси за погодок и удари во рамките на голот. Jaн Зомер беше расположен на голот на Борусија и можеби најзаслужен што неговата екипа освои бод против шампионот.

ПретходноРистовски го доби дуелот со Стојановски во хрватскиот шампионат
СледноЕ. Пелистер се тресеше до крај против Металург