Брентфорд го шокира Арсенал и забележа историска победа во Премиер лигата! 🎥

223

По 74 години Брентфорд заигра во најсилната англиска лига, а тоа значи дека дуелот со Арсенал вечерва им беше прв од формирањето на Премиер лигата. А „пчеличките“ стартуваа фуриозно, го победија големиот противник со 2:0.

Отвори шпанскиот интернационалец Серхи Кањос со голот во 22. минута, а конечниот резултат го постави Кристијан Норгард во 73. минута во моменти кога Арсенал притискаше и се обидуваше да го изедначи резултатот. Место реми прими гол и остана со празни раце во 1.коло од Премиер лигата.

Мечот се одигра пред 15.000 гледачи на стадионот „Брентфорд Комјунити“.

ФОТО: premierleague.com

ПретходноЕ. Пелистер се тресеше до крај против Металург
СледноСевиља го купи најдобриот бек на Ривер Плата