Францускиот дефанзивец Рафаел Варан потпишал договор со Манчестер Јунајтед до 2025 година со опција за продолжување на договорот за уште една година. Новинарот Фабрицио Романо ја потврди информацијата на својот Твитер профил.
Според изворот, последните документи за зделката се составени вчера, по лекарските прегледи. Манчестер Јунајтед го објави трансферот на Рафаел Варан на крајот на јули, но фудбалерот по пристигнувањето во Обединетото кралство мораше да замине во карантин пред да потпише договор со англискиот клуб.
Варан ги бранеше боите на Реал Мадрид од 2011 година, а претходно играше за Ленс.