По добрата игра и ремито со Шкупи без голови на стартот во новата сезона во ПМФЛ, Брегалница ја чека уште една тешка средба со скопска екипа.
Во недела момците на тренерот Марјан Секуловски ќе му гостуваат на Скопје. Ова ќе биде дуел меѓу шампионите во ВМФЛ на западот и истокот од минатата сезона.
Дарко Додев и на овој меч ќе биде еден од адутите во редовите на штипските “сини“.
“Мечот со Шкупи е веќе зад нас, ние веќе неколку дена сме фокусирани на неделниот меч со Скопје. Домашниот состав против Ренова покажа дека има квалитетен тим, знам дека на Автокоманда тешко се освојуваат бодовите, но сметам дека може до позитивен резултат. Мора одново тимската игра да биде во преден план, секако и максималната ангажираност. Само така можеме до добар резултат“ изјави Додев за клупската интернет страница на ФК Брегалница.