Денеска нов тест со европскиот шампион: Се крева формата за Европското првенство

101

Македонската одбојкарска репрезентација по вчерашниот пораз од 3:1 во првиот контролен меч со европскиот шампион Србија, вечерва од 18 часот ќе го одигра и вториот тест-меч во малата сала на Белградска Арена.

Вчера избраниците на селекторот Душко Николиќ одиграа неколку одлични сета, но со оглед на тоа што за нив ова беше само прв контролен меч по долгиот период на базични подготовки, вечерва во втората контрола очекуваме и подобра партија.

„Имавме многу грешки, а тоа е очекувано, се гледа дека досега бевме на планина. Сакавме да играме со посилен противиник, за да видиме до кадесме, а допрва ќе тежнееме да ја креваме формата. Некои од играчите се жалат на повреда, Никола Ѓорѓиев не е најподготвен, па полека ќе ги коригираме елементите во играта“, изјави македонскиот селектор Душко Николиќ.

За Македонија ова е само почеток на контролниот период во кој следуваат мечеви и на силниот турнир „Бранко Хаџииљовски – Чајка“ пред заминувањето на ЕП во Финска.

ПретходноСе враќа Премиерлигата: Експертите имаат само два фаворити за титулата – Челзи и Манчестер Сити
СледноИзненадување: Наинголан денеска лета за Белгија на потпис со локалниот Антверпен