Изненадување: Наинголан денеска лета за Белгија на потпис со локалниот Антверпен

251

Белгискиот фудбалски репрезентативец Раџа Наинголан денеска треба да се врати во својата земја и да стави потпис на договор со екипата на Антверпен. Локалните медиуми во Белгија пишуваат дека Наинголан кој пред само три дена го раскина договорот со Интер, решил да се врати во татковината и да заигра во тамошното првенство.

Антверпен веднаш ми понудил соработка на Наинголан, но високите примања беа проблем во договорот. Тој наводно преговараше и со турски Бешикташ, но на крајот за помалку пари решил сепак да се врати дома.

Според „Газет ван Антверпен“,претседателот на Антверпен, Пол Гејсенс, вчера се сретнал со Наинголан и договорил дарежлив бонус за потпис, што значи дека неговата плата во Антверпен ќе изнесува повеќе од 4 милиони евра за две сезони.

Тоа ќе го направи Наинголан апсолутно најскапиот фудбалер кој ќе заигра во белгиското првенство.

ПретходноДенеска нов тест со европскиот шампион: Се крева формата за Европското првенство
СледноГарај откри зошто мораше да се пензионира: Зглобот на колкот ми се распаѓа