Вирџил Ван Дајк и официјално ја продолжи соработката со Ливерпул. Холанѓанецот кој се врати од повредата потпиша договор до 2025 година, соопштија од таборот на премиер-лигашот.
„Чувството е неверојатно. Ова е нешто на што сум многу горд. Целата напорна работа која ја имавме досега продолжува и гледам оптимистички кон настапите за Ливерпул во иднина. Пресреќен сум и горд“, изјави Ван Дајк.