Молдавија не дозволува влез на Косовецот од Динамо Загреб, поднесена жалба до УЕФА

924

Динамо Загреб испрати жалба до УЕФА поради тоа што Молдавија не дозволува влез во земјата на фудбалерот Лирим Кастрати, кој настапува за Косово.

Молдавија не го признала Косово, и со самото тоа не го признава нивниот пасош. Но, „модрите“ веднаш вложиле жалба и кажуваат дека за политиката нема место во спортот.

Аргументот на Динамо е дека Кастрати лани добивал без проблеми виза за Русија (која исто така не го признала Косово), и дека сега треба да добие виза.

Хрватскиот првак во вторник го игра првиот меч против Шериф во Молдавија во плеј-офот од Лигата на шампионите.

ПретходноПознат НБА кошаркар го спасил својот син од давење (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид ги пријави Бејл и Јовиќ, но го „отпиша“ Одегард