Наинголан потпиша за најстариот белгиски клуб

257

Раџа Наинголан ја раскина соработката со Интер пред неколку денови и се врати во Белгија каде ја прифати понудата на Антверпен, најстариот клуб во неговата татковина. Наинголан играше долго време во Италија уште како дете во Пјаченца, па потоа во Каљари, Рома, Интер, па повторно во Каљари, за после 15 години да се врати дома и да заигра за локален прволигаш. Потпиша двегодишен договор со Антверпен кого во Белгија го нарекуваат и „Кралски клуб“.

„Го одбрав Антверпен поради нивниот интересен проект“, беше коментарот на Белгиецот околу изборот на новиот клуб.

Пред да отиде во Италија беше член на младинската екипа на Бершот. За Белгија има 30 настапи во период од девет години.

 

ПретходноСловачка во победнички ритам пред Македонија
СледноСрбија повторно им одржа лекција на одбојкарите