Пандев и Џенова од 0:2 до 3:2 во Купот на Италија!

1243

Гранде Пандев денеска потпиша нов договор и веднаш одигра 45 минути за својата Џенова во 1.коло од Купот на Италија. Добра игра на Македонецот, имаше и две шанси, доби и жолт картон. Инаку Пандев влезе на почетокот на второто полувреме кога резултатот беше 2:2 на дуелот со Перуџа, тим од Серија Б.

Во самиот финиш Џенова сепак не дозволи изненадување и со голот на Калон успеа да дојде до 3:2 и до пласман во следната фаза на Купот на Италија.

ПретходноМакедонија во финалето на ЕХФ шампионатот по пенал драма
СледноЛазаров: Момците покажаа карактер и заслужено се во финале