По неколку месечна пауза, вечерва и официјално се враќа новата сезона во Германската Бундеслига. Од 20.30 часот во првиот натпревар од новата сезона шампионот Баерн Минхен гостува кај силниот тим на Борусија во Менхенгладбах, само три месеци откако ја освоија деветтата титула во последните десет сезони.
Големото прашање пред секој почеток на Бундеслигата е дали има кој да ја запре доминацијата на баварците. Минатата сезона, тие ја завршија со 13 бода повеќе од вицешампионот РБ Лајпциг и со 14 над третата Борусија (Д). Токму овие два тима повторно ќе се борат за круната со Баерн, кој ја почнува сезоната со нов тренер во името на младиот страгег Јулијан Нагелсман и без клучните фигури од претходните години како што се Давид Алаба и Жером Боатенг.
Дајо Упамекано, кој работеше со Нагелсман во РБ Лајпциг, беше доведен како едо од најзвучните засилувања во шампионот. Тој и Французинот Лука Ернандез ќе го формираат новиот централен пар одбранбени играчи. Баварците имаат силен прв тим, но проблемот е во недостатокот на силна клупа.
Во исто време, РБ Лајпциг и Борусија (Д) се чини се многу поискусни и покомпактни од минатата сезона. Тоа е нешто што ќе биде голем плус за нив и многу голем проблем за Баерн. Прелиминарните очекувања се дека овие три екипи ќе се борат за титулата, но од сенка ќе напаѓаат и екипи како Волфсбург, Баер (Л) и Борусија (М).
ТОП 5 ФАВОРИТИ ЗА ТИТУЛАТА СПОРЕД ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ:
- Баерн (М) 1.16
- Борусија (Д) 8.00
- РБ Лајпциг 17.00
- Баер (Л) 51.00
- Борусија (М) 67.00