Фенербахче за засили со фудбалер од Јужна Кореја, а станува збор за централниот бек Ким Мин Џе и доаѓа од редовите на Пекинг Гуан. Сумата која „канаринците“ ќе ја платат за него изнесува 3 милиони евра. Тој потпиша договор до 2025 година.
Ким е првиот Јужнокореец кој ќе игра за Фенербахче, а само четврти во историјата на турската Суперлига. Ким е поранешен фудбалер на Чонбук, а прекарот му е „ѕвер“. Има 32 настапи за Јужна Кореја.
Тој е шестиот нов играч на Фенербахче ова лето. Пред него во Фенер дојдоа Сердар Дурсун од Дармштад, Стивен Колкер од Аланија, Џагтај Курукалип од Касимпаша, Бурак Капаџак од Бурса и Мбвана Самата од Астон Вила.