Пари Сен Жермен нема намера да застане со новите засилувања. После звучните засилувања, меѓу кои само за Хакими плати отштета, сега на Покетино му недостасува уште лев бек за да го комплетира ростерот, иако таму ги има веќе Бернат и Курзава.
Затоа ПСЖ на таа позиција најде идеален фудбалер во името на Нуно Мендеш од Спортинг Лисабон. Овој 19-годишен фудбалер не е звучно име, меѓутоа има доста талент и веќе е баран од големите клубови.
ПСЖ за него ќе понуди 40 милиони евра.