Реал Мадрид ги пријави Бејл и Јовиќ, но го „отпиша“ Одегард

539

Реал Мадрид ги пријави играчите со кои следната сезона ќе настапува во шпанската Ла Лига. На него се најдоа и Лука Јовиќ и Герет Бејл, и покрај многуте шпекулации за нивно заминување. Сепак, веројатно Анчелоти ќе смета на нив.

Меѓутоа Италијанецот очигледно не смета на Мартин Одегард. Норвежанецот може да си бара нова средина откако не се најде на списокот на играчи кои ќе играат во Примера. И тоа ќе значи најверојатно враќање во Арсенал, но овој пат можеби со перманентен договор.

Изненадува фактот што Рафаел Варан се најде на листата на регистрирани, иако неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед е готова работа.

Првиот меч Реал го игра со Алавес утре во 22 часот.

ПретходноМолдавија не дозволува влез на Косовецот од Динамо Загреб, поднесена жалба до УЕФА
СледноПСЖ не застанува, ќе купува лев бек