Челзи, првакот на Европа и тим кој што завчера го освои УЕФА Суперкупот, својот прв меч во Премерлигата, која стартува викендов, ќе го игра утре против Кристал Палас.
Секако дека во преден план е прашањето дали на овој меч свое деби ќе има Ромелу Лукаку, најскапиот трансфер во историјата на клубот. Да потсетиме дека ова за Лукаку е враќање во Челзи.
Одговор на ова има Томас Тухел…
“Да, Лукаку има право на настап, но нема да игра. Имено со него се слушнав по телефон. Тој во моментов е во карантин и неколку дена ќе биде таму“ посочи Тухел.
Познато е дека секој што ќе влезе во В. Британија мора да мине извесен период во карантин, па така и Лукаку.