Шпанскиот прволигаш Севиља ги засили своите редови со аргентинскиот репрезентативец Гонзало Монтиел кој потпиша договор до јуни 2026 година. За неговите услуги Севиља му плати на Ривер Плата 11 милиони евра.
Се работи за десен бек, еден од најстандардните и најтрофејните фудбалери на Ривер во изминатите неколку години. Играше за младинската екипа, па дебитираше за првиот тим во 2016 и одигра преку 100 натпревари во сите конкуренции.
Освои дури осум трофеја со Ривер, од кои три во Купот на Аргентина, два од Суперкупот на Аргентина, еден во Копа Либертадорес и уште два во Суперкупот на Јужна Америка. Шлагот на тортата беше трофејот со Аргентина на Копа Америка пред неколку месеци.