Словачка во победнички ритам пред Македонија

184

Словачка ја запиша првата победа во претквалификациите за СК 2023 година, откако ја совлада Швајцарија со убедливи 56-64.

Со овој триумф утрешниот противник на Драган Бајиќ и неговите избраници им најави дека ќе мора да одиграат многу нивоа подобро од она против Швајцарија.

Шанса за победа имаа и швајцарските кошаркари, одиграа добро во првото полувреме, но потоа паднаа во вториот дел особено во последната четвртина во која дадоа само осум поени.

Дуелот меѓу Македонија и Словачка се игра утре со почеток во 19 часот.

ПретходноКадетките ја „смачкаа“ Ерменија со 70 поени разлика!
СледноНаинголан потпиша за најстариот белгиски клуб