Стартува и шпанската Ла Лига: Како Шпанија ќе го преживее заминувањето на Меси?

225

Со натпреварот меѓу Валенсија и Хетафе вечерва во 21 часот започнува новата сезона во шпанската Ла Лига. Од година в година, главните ѕвезди ја напуштаат лигата, па прашање е колкав интерес ќе понуди Ла Лига во новата сезона, откако од Пиринеите замина и Лео Меси, но и една од легендите на Реал (М), Серхио Рамос.

Ла Лига го преживеа заминувањето на Роналдо во 2018 година, а сега треба да се справи со онаа на Меси. Првенството ја загуби својата ѕвездена сила, но може да додаде поголема конкуренција и поголема возбуда за шампионската титула, која оваа година ја брани Атлетико (М).

Минатата сезона четири екипи влегоа во битка за титулата, а и оваа година се очекуваат најмалку четири екипи до крајот да водат битка за тронот. Оваа година прв фаворит за титулата е Реал (М) кој има нов тренер во името на повратникот Карло Анчелоти. Веднаш до нив останува Барселона, додека според обложувалниците бранителот на тронот Атлетико (М) е само трет фаворит за шампионскиот трофеј.

Ситуацијата во Барселона не изгледа лесна. Во тимот пристигнаа играчи како Серхио Агуеро и Мемфис Депај, но заминувањето на Меси дефинитивно ги промени работите. Аргентинецот беше клучна фигура во изминатите 15 години, но честопати беше обвинуван за неуспесите на Барселона. Доколку тренерот Роналд Куман најде решение, тогаш Барселона повторно ќе игра клучна улога во борбата за титулата. Реал (М) остана без капитенот Серхио Рамос и дефанзивецот Рафаел Варан. Нивните места треба да ги заземат Давид Алаба и Едер Милитао. Лука Модриќ е веќе на крај на кариерата, а истото важи и за Марсело. Герет Бејл и Мартин Одегард се вратија од позајмица, па Анчелоти, исто така, ќе ги има и нив заедно со Тони Крос и Карим Бензема.

ТОП 5 ФАВОРИТИ СПОРЕД СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ:

  1. Реал (М) 2.10
  2. барселона 3.50
  3. Атлетико (М) 3.75
  4. Севилја 15.00
  5. Реал Сосиедад 34.00
ПретходноМакедонија – Словачка ќе се игра пред публика: Влезот е слободен!
СледноРанко Мамузиќ нов член на Куманово