Европската куќа на фудбалот УЕФА, денеска ги претстави кандидатите за престижните награди за најдобри во Лигата на шампионите за минатата сезона. На секоја позиција има по три кандидати.
Ќе се избираат на секоја позиција по еден играч.
Меѓу номинираните се:
Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едуард Менди (Челзи), Едерсон (Манчестер сити).
Одбрана: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер сити), Антонио Рудигер (Челзи).
Средниот ред: Кевин де Брујне (Манчестер сити), Жоржињо (Челзи), Нголо Канте (Челзи).
Напаѓачи: Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Килијан Мбапе (ПСЖ), Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд).