Екс фудбалерот на Барселона, Џуниор Фирпо се реши од Барселона да замине во Лидс. Иако имаше неколку понуди од Италија и Шпанија, сакаше да игра во Премиерлигата, и замина во тимот на Лидс, замена за Алиоски кој отиде во С. Арабија.
Фирпо со изјава ја „закопа“ Барселона, и кажа дека за две недели во Лидс научил повеќе од две години за неговиот престој на „Камп Ноу“.
„Во овие две недели гледав видеа од Лидс, и научив повеќе од претходните две години во Барселона. Ми кажаа се, како да постапам во секоја ситуација, навистина се внимава на секој детал“, кажа Фирпо.