Кадетите во „лов“ на финале на ЕХФ шампионатот

468

Македонската кадетска репрезентација денеска (18 часот) ќе се бори за место во финалето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат селекцијата на Швајцарија.

Самодовербата е вратена, нашите момци против Полска покажаа дека имаат потенцијал, единствен проблем е недостигот на меѓународно искуство.

Лазаров по вчерашниот триумф најави финале, верува дека местото им е таму.

Противникот има три победи над Босна, Украина и Грузија. Македонија пак одигра еден слаб меч протиив Грција и одлична средба против Полска.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Пандев потпиша нов договор со Џенова, ќе игра уште една година
СледноДи Марија ги откри плановите на Мбапе