Ѓоко Зајков од денеска не е веќе член на Шарлроа. По шест години престој во клубот од Белгија, и само одиграни 30 официјални средби, Шарлора и Зајков “раскинаа“. Ова го потврдуваат и медиумите во Белгија, а челниците на Шарлора на своите социјални мрежи му се заблагодарија на Македонецот за се она што тој направил за клубот.
Инаку сеуште не се знае каде нашиот репрезентативец ќе ја продолжи својата кариера.
Интересно е тоа што иако Зајков во минатите шест години одигра само 30 официјално мечеви, претежно влегуваше од клупата, тој постојано беше повикуван во А-репрезентацијата, од екс – селекторот Игор Ангеловски.
Интересно…