Гранде Пандев денеска потпиша нов договор и веднаш одигра 45 минути за својата Џенова во 1.коло од Купот на Италија. Добра игра на Македонецот, имаше и две шанси, доби и жолт картон. Инаку Пандев влезе на почетокот на второто полувреме кога резултатот беше 2:2 на дуелот со Перуџа, тим од Серија Б.
Во самиот финиш Џенова сепак не дозволи изненадување и со голот на Калон успеа да дојде до 3:2 и до пласман во следната фаза на Купот на Италија.