Академија Пандев попладнево го промовираше своето ново засилување, а тоа е Фарук Бихорац. Тој треба да ја засили дефанзивата и со него стратегот Александар Васоски не треба да има проблем во тој дел од тимот.
Бихорац има 25 години, роден е во Нови Пазар, а има играно за повеќе клубови во Србија и во БиХ. Последен клуб му бил Кабел од Нови Сад.